За разлика од Нобеловите и некои други награди, Греми не се придружени со мрсни чекови. Уметниците, продуцентите и авторитет не добиваат никакви пари но затоа доживотно се закитуваат со чинот „добитник на Греми награда“ кој со други зборови се вика -пари.
Имено, добитниците на Греми укнижуваат инстантно зголемување на продадените карти и албуми. Во 2012 година Форбс анализираше репрезентативен примерок од добитници и дојде до нешто го го нарече „Греми отскокнување“ кое во просек носи 55% зголемена продажба на билети и продуцентски тантиеми во годината откако ќе се добие Греми.
На пример, Дејвид Банер кој доби Греми за продуцирање на албум на Лил Картер, цената да работи на албум, после победата му се покачила од 50.000 на 100.000 долари.Бруно Марс почнал од концерт да заработува 202.000 долари наместо 130.000 пред Гремито.
Веројатно најголем скок и најуспешно наплатување на Греми чинот има Тајлор Свифт чија целовечерна тезга скокнала од 120.000 на 600.000 долари после победничката вечер во 2010 година што е пораст на приходите од 380%.
Инаку, кој сè нема добиено Греми, тоа е чудо едно.