Вести

А луѓе од алуминиум се плашеа:

Американската војска распрснувала ебола вирус

Приватниот дневник на докторот Ентони Фаучи открива дека американската армија пред една деценија прскала мајмуни со ебола за да провери како вакцинирани субјекти реагираат на смртоносниот вирус. Експериментот потврдил дека изложеноста на ебола во форма на аеросол предизвикува потешки последици кај единките кои претходно примиле вакцина.

Луѓе завршуваат „под скалпел“ и кога не мора

Повеќето од стотиците милиони хируршки зафати годишно спасуваат животи. Но, откако зачестија лажните операции заради споредба на ефектите, се покажа дека многу зафати кои не се прашање на живот или смрт всушност не се ништо подобри од природното заздравување. Некои дури и ја влошуваат состојбата на пациентот, а не го продолжуваат неговиот животен век.

Пет членки на ЕУ најавија план за итна депортација на азиланти

Данска, Австрија, Грција, Германија и Холандија во првата половина од идната година ќе воспостават пилот-проект за итна депортација на баратели на азил чии барања се одбиени во ЕУ. Се очекува да бидат склучени договори со Руанда, Уганда и Узбекистан за да ги примат азилантите. Бројот на депортирани лица нема да биде голем, но би имал ефект на одвраќање.

Речник

ЕУ крева антидемократски штит

Битката за слободата на говорот во Европа веќе не се однесува само на тоа што на луѓето законски им е дозволено да го кажат. Сега станува збор за нешто пошироко: кој одлучува што може да видат, кому треба да му веруваат и кои идеи се класифицирани како ризици, сето тоа сервирано како „борба против дезинформациите“.

И роботот од главата си пати

Тесла сериозно ги зголеми капацитетите за производство на роботот Оптимус но во меѓувреме сфати дека обемот не е главниот проблем. Роботот знае да беспрекорно да извршува комплицирани задачи за кои имал обука но паѓа на базични, генерални задачи. Ќе му кажеш да ти донесе пиво од фрижидер, тој ќе ти донесе Газоза.    

Кремљ ги натера компаниите самите да се бранат од украински дронови

Кремљ ги притисна руските компании самите да придонесат за сопствената одбрана од украински дронови. Оние што ќе изнајмат противвоздушни системи од војската ќе бидат ослободени од даноци. Оние што ќе одбијат може да бидат преземени од државата. На приватните стражари околу критичните објекти им се нудат високи плати и гаранции дека нема да бидат мобилизирани.

Зградата која имитира рид

Новиот стамбен проект во полскиот град Познан го привлекува вниманието со својата фасада која потполно е прекриена со дури 140.000 билки. Но, на комплексот Аура, тоа зеленото не е наменето само да изгледа фино нацртано на проектот (како кај нас), туку смислен е цел систем како зеленилото навистина да живее а позади него да биде пријатно.

Империјата на Макрон се распаѓа

Пред 5 години Емануел Макрон порача „Maoré na Farantsa paka tcho!“ за време на својата кампања во Мамуѕу зборувајќи на локалниот шимаоре јазик во Мајоте архипелагот во Индискиот океан под француска контрола. Преводот е „Мајоте и Франција, засекогаш, во живот до смрт.“ Неделава францускиот претседател се врати на островите да глуми император, но неговата империја изгледа како да се распаѓа.

Риши Сунак ќе враќа задолжително служење војска

Секој 18-годишен тинејџер во Британија во иднина да може да бира меѓу служење во вооружените сили на земјата или извршување на задачи корисни на заедницата, како дел од планот на Сунак за создавање на „обновено чувство на гордост“ во Британија.

Столтенберг навива Украина да почне да гаѓа во Русија

Вообичаено внимателениот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за Економист го прозва својот најголем спонзор, САД, да се охрабри и да дозволи нивното оружје да биде употребено за удари на руска територија.

На Путин му прекипе?

Во неделите пред и по смената на долгогодишниот руски министер за одбрана, ФСБ се активираше и направи неколку апсења на сериозно високи воени функционери по основа на баснословна корупција.

Нема тестис без микропластика

Во сите човечки тестиси што биле анализирани во американска студија се откриени траги од микропластика, што научниците сметаат дека има врска со постојано опаѓачкиот број на сперматозоиди кај мажите.

Овие почнаа да се напнуваат

Изминативе месеци меѓу Германците (оригиналот) почна се попопуларен да станува слоганот „Германија на Германците, странци надвор“ придружен со некоја техно музика. Ова прилично се толерираше се додека деновиве не се прошири клип како истата се пее во едно од најлуксузните германски одморалишта.

Слики на преглед!

Во име на заштита на децата од сексуална злоупотреба, во институциите на ЕУ сè посериозно се тркала предлог кој ќе стави крај на приватноста на дигиталната комуникација. Од оние што користат месинџери, ќе се бара да се согласат сите слики и видеа што ги праќаат да бидат предмет на скенирање, за евентуална пријава до надлежните. Оние кои нема да се согласат, ќе можат да праќаат само текстуални пораки. 

Зошто уште му веруваме на златото?

Ворен Бафет викаше дека Марсовец би се чудел од нашиот фетиш кон златото: луѓето плаќаат армија за да го ископаат, па друга армија повторно да го закопа, па трета армија да го чува и брани. Па сепак, златото повторно е во своето златно доба. Во доба на секаква несигурност и неизвесност, секогаш повеќе ќе му веруваме на метал од земјата, отколку на хартија испечатена од државите.  

Американскиот рамковен ги урниса факултетите

Врховниот суд на Калифорнија минатото лето ја укина таканаречената „позитивна афирмација“ при упис на факултети која во име на инклузивноста и диверзитетот им даваше предност на апликанти од редовите на некои малцинства. Но, штетата е веќе направена. Студенти примени благодарејќи на позитивната дискриминација, во операциона сала не можат да најдат артерија кај човек.

Божјиот инфлуенсер станува светец

Поглаварот на римокатоличката црква го расчистува патот за канонизирање на прерано починатиот тинејџер од Лондон чија умешност во ширењето на католичката вера на интернет му го даде прекарот „Божји инфлуенсер.“ Тоа ќе биде првиот миленијалец (личност родена во почетокот на 1980-тите до крајот на 1990-тите) кој ќе биде прогласен за светец.

Светски бунт против туризмот

Ибица и Мајорка не сакаат веќе да бидат синоним за „sun, sex and sangria“туризам па на почетокот на мај воведоа драстични ограничувања на алкохолот и соодветни мрсни казни: 1.500 евра за пиење на улица. Не се сами, многу популарни места сфаќаат дека нивниот свет е подобар без ордите туристи, особено оние места кај кои обичниот народ не гледа никакво фајде од нив.

Американски професори губат работа ако се за Палестина

Иако нема официјален извештај за бројот на академски предавачи кои изгубиле работа или се соочиле со суспензија поради поддршката за Палестина, појавата е толку очигледна што на многумина им личи на нов “МекКартизам“, времето во кое во Америка човек не можеше да работи за да се прехрани, ако го осомничат дека е за „Црвените“

И орлите ја избегнуваат Украина

Украина била стандардно место за прелет и одмор на орли, сè до започнување на војната која ги принудила да ги сменат научените рути и да летаат по заобиколен пат. Само еден од орлите кои биле следени со ГПС се одважил да лета директно над линиите на фронтот, другите одбрале да летаат одоколу. Бидејќи новите рути се подолги, кога ќе стигнат, малку се папсани па не им е одма до парење.

Безбедноста на OpenAI отиде јабана

Со месеци, OpenAI губеше битни вработени кои длабоко се загрижени за безбедноста не само на, туку и од вештачката интелигенција. Сега, компанијата веќе крвари. Главната причина е првиот човек, Сем Алтман , за која заминатите велат дека м е најважна комерцијализацијата на продуктите на компанијата.

После 53 години, заминува Клаус Шваб

Светскиот економски форум сооопшти дека неговиот основач и извршен претседател Клаус Шваб  најавил дека се повлекува. Моќта на Шваб и Форумот е несомнена но нивните противници некогаш ја издигнуваат до митски димензии, сметајќи ги срцето на светското зло. Инфоворс се праша: „Дали Шваб и Сорос ќе се повлечат на некој остров за од безбедно да го гледаат крајот на светот кој го овозможија?“

Трошоците за Украина не е лесно да им се објаснат на гласачите

Владите на западните земји се соочуваат со финансиски проблеми па некои најавуваат поголеми даноци и намалување на издатоците за јавниот сектор, за да можат да ги финансираат зголемените воени трошоци кои ги прави војната во Украина. Воинствените кругови се задоволни што се доаѓа блиску до посакуваните 2% од БДП, па веќе се мерка нова цел- три посто.

Кој си фати коза, негова си е

Козите и луѓето долго време живеле хармонично на вулканскиот остров Аликуди покрај северниот брег на Сицилија но бројот на козите во последно време толку се зголемил а тие станале бељаџии, што градоначалникот дошол на идеја да ги ангажира жителите да ја припитомат ситуацијата. Не сакаат да ги убиваат па ќе пробаат со посвојување.

На кинески интернет само скромно, само пристојно

Кина воведе ново нови на цензурирање интернет содржини чија мета се постови кои покажуваат раскош, богатство и величење на пари, а целта на државата е „да се прочисти интернет културата.“

На Хантер Бајден нема кој да му ги плати адвокатите

Само еден месец од почетокот на неговото прво судење, Хантер Бајден е на пат да изгуби еден од главните финансиери на својата одбрана затоа што и нему му снемало пари.

10 години од предвидувањето дека САД преку Украина ќе испровоцира војна со Русија

Улогата на Вашингтон во Украина, и неговата поддршка на нео-нацистите на режимот имаат големи импликации за остатокот од светот, ќе напише Џон Пилџер во текстот за Гардијан од 13 мај 2014.

Во „облаците“ на Гугл се испогубија милијарди долари

Во сенка на информациите за девелоперската конференција Гугл I/O 2024, некако слабо помина веста за еден до сега невиден хорор што им се случи на клауд-сервисите на Гугл: некако им се избриша важен акаунт и им требааа речиси две недели да го вратат. Колку важен акаунт? 135 милијарди долари! Што нè потсетува на мудрата: Не постои „клауд“, тоа е само друг нечиј компјутер.

Претседателот загина, ајатолахот има рак

Вистинскиот лидер на Иран, врховниот водач Али Хамнеи е стар, болен и се бори со рак од простата. Познавачите тврдеа дека него требаше да го замени претседателот Ебрахим Раиси. Ама, како што знаеме, тој се качи во хеликоптер. Неизвесно е кој ќе ја пополни и новата дупка и онаа која се чека да биде создадена. Во игра е синот на Хамнеи.

Нова Каледонија се крена против францускиот колонијализам

Една од последните француски колонии, по ново „територии“, Нова Каледонија, се крена на востание против француските власти откако Париз одлучи да воведе нови правила за гласање кои локалците ги сметаат за нарушување на нивниот глас.