Риши Сунак ќе враќа задолжително служење војска

Секој 18-годишен тинејџер во Британија во иднина да може да бира меѓу служење во вооружените сили на земјата или извршување на задачи корисни на заедницата, како дел од планот на Сунак за создавање на „обновено чувство на гордост“ во Британија.

Планот е воениот рок да трае 12 месеци, а другата опција е волонтирање еден викенд секој месец за завршување работи во матичната заедница на регрутираниот.

Намерата на Сунак е кај младите да се всади „чувство за заедничка цел“ наспроти силите кои „се обидуваат да го поделат нашето општество.“ Од идеолошка страна Конзервативците на Сунак се надеваат дека со оваа политика ќе успеат да направат јасна разлика меѓу нив и Лабуристите, како единствена партија на која може да и се верува за безбедноста и одбраната на Британија.

Проектот би чинел 2,5 милијарди фунти и би ги опфаќал сите што не го продолжуваат своето образование по средно училиште. Британија моментално има отворено места за околу 30.000 младинци.

Другата опција е волонтирање по еден викенд месечно во локални полициски или противпожарни станици, здравствениот систем на земјата и локални добротворни организации кои работат на борба против самотијата и поддршка на стари и изолирани лица.

Задолжителното служење војска беше воведено во Британија во 1949 и важеше за сите физички здрави мажи од 17 до 21 година. Првично воениот рок траеше 18 месеци, за во 1950 да биде продолжен на 2 години. По ова војниците тие беа на списокот на резервисти уште четири години и можеа да бидат повикани да служат во британската војска но не повеќе од 3 пати на период до 20 денови. Задолжителниот воен рок во Британија е укинат во 1960.

28 мај 2024 - 10:35