86 годишниот Клус Шваб ја основаше организацијата во 1971 година а формално ќе замине во јануари следната година. Во меѓувреме, извршните овластувања ги презема извршниот борд кој го води Борге Бренде од Шведска.
Заштитното лице на СЕФ и самитот во Давос најави дека планира да земе некоја неизвршна функција во организацијата, но, ќе има директен увид со сите случувања бидејќи децата му се на високи позиции а неговата сопруга ги води церемониите за доделување награди во Давос.
Шваб успеа да претвори еден форум во бизнис од 500 милиони долари годишно, пишува ФТ.
Оваа година, СЕФ скршна од претходните програми па ги исфрли сите референци за животната средина, социјалата и управувањето (фамозното ESG) а го ограничи спомнувањето на „диверзитетот“ на само една референца. Но остануваат другите елементи на нивната агенда како што е „одржливоста“, „климата“, „родовите“ и сл.
Европските и американските елити на состанокот во 2024 година јасно ставија до знаење дека поранешниот претседател Доналд Трамп не е нивен главен избор за претседател на следните избори, извести Блумберг.