„Дојде време нашите сојузници да размислат за кревање на дел од ограничувањата што ги имаат на оружјето донирано во Украина.
Посебно сега кога има големи борби околу Харков во близина на границата, забраната за Украина да ги искористи овие оружја против легитимни воени мети на руска територија е многу тешка да се одбрани,“ порачал Столтенберг.
Украинците и покрај целото оружје што го имаат од Западот, за напади на руска територија мора да користат сопствено оружје и дронови. Гневот околу ова ескалираше откако Русите почнаа голема офанзива кон Харков преку руската граница на само 32 километри од градот.
Столтенберг не очекува дека Русија ќе успее да има некој позначаен напредок во офанзивата.
Зеленски во изминатиот период во повеќе наврати побара на неговите вооружени сили да им биде дозволено да ги користат донираните западни оружја на руска територија.
На страна Столтенберг, голем број западни аналитичари тврдат дека САД се обидуваат да ја микро-менаџираат војната. Прво со одложување или задоцнето испраќање на оружја кои беа итни за Украина (Абрамс, Ф16, Химарс), а потоа и со ограничување на територијата на нивно дејствување.