Воените буџети на глобално ниво минатата година изнесувале 2,44 трилиони долари, што е речиси седум отсто повеќе од 2022 година. Воените трошоци во светот сега се највисоки од крајот на Студената војна – околу 306 долари по човек.
За воени потреби САД оваа година издвоиле 886 милијарди долари, што е раст од над осум отсто за период од две години. Европските земји издвоиле 380 милијарди долари, се пофали неодамна Јенс Столтенберг.
Иако само пред неколку години се чинеше далечна цел, НАТО е блиску до остварување на желбата нејзините членки да издвојуваат два посто од својот БДП.
Но, членарините се доста нерамномерни. Најмногу издвојува Полска, 4,2% иако тоа станува голем товар за премиерот Доналд Туск кој не може да исполни добар дел од неговите предизборни ветувања.
Од друга страна е Италија која за воениот буџет издвојува само 1,4%.
Стабилизирањето на воените издатоци не е извесно бидејќи на сцена се појавија политички сили кои имаат поинакви планови. На пример, холандскиот десничар Герт Вилдер кој најавува пренасочување на финансиите од војската кон земјоделството и домувањето.
Што кога НАТО ќе ја исполни целта од два посто? Ќе одат кон три посто.