За Џордан - или Памела Рук - Џон Севиџ во својата панк историја има кажано дека „изгледала толку фрапантно, што секогаш кога ќе излезела низ врата се ставала на ризик“.
Комесарот на полицијата во Нов Јужен Велс предлага апликација што дигитално ќе регистрира дозвола и согласност за секс. Според него, ќе може да се користи како доказ.
Пошто од мажите се очекува да бидат галантни со пари кога се среќаваат со девојка и тоа им правело притисок, направиле „Лига на штедливи мажи.“ Да подобјасниме: на англиски е „stingy“, на женски е „стипси“, а на машки - „домаќини“.
Мадам Клод, односно Фернанд Груде со децении владеела како кралица на борделите, го измислила терминот call girl воспоставувајќи телефонско закажување во нејзиниот харем полн двојнички на Катрин Денев, тренирани да бидат динамит и во кревет и при конверзација. Денес го испитуваме нејзиното наследство.
Кога медиуми како Њујорк тајмс почнуваат да пишуваат дека се претерува забраните, хистеријата на маските и хигиенскиот театар, останува само уште Караџовски да верува дека треба да носиме маски надвор затоа што вирусот кмиши по улици а ние го дигаме со нашето одење. Стварно, можно ли е после онолкава медицинска кариера некој да си дозволи да го памтат по така глупа изјава?
Кристина Кузмич, вирална видео-сензација, автор и ТВ-ѕвезда одобрена од Опра, има милијарди прегледи, книга и одлична идеја: Кога ќе ти се натне цреп на било која твоја интернет платформа - покажи го.
Француската јавност се шокираше кога дозна дека „проминентен член на париската интелектуална елита“ сексуално го злоупотребувал своето тогаш 14-годишно посинето дете, па потоа се дошокира кога на социјалните медиуми се појавија стотици слични сведоштва под хаштагот #metooinceste.
Питер Најгард, 79-годишниот моден могул го уапсија во понеделникот поради обвиненија што датираат уште од 1995, а вклучуваат рекетирање, трговија со принуден секс и транспорт на малолетник за проституција.
23-годишен тип, оженет со 76-годишна жена после долго време отворено присуство на социјални мрежи каде што со светот споделуваат серенади и бакнување, отвораат и ОнлиФанс профил, за тие што сакаат и повнатре да им влезат.
Министерот за имиграција и интеграција е мета на гневот на муслиманите во земја откако им предложи на тамошните муслимански главешини дека муслиманките во Данска во некои работи треба да бидат рамноправни со другите жени, на пример, секс пред свадба.
Ние вакви податоци немаме и тоа е тажно. Туку, среќен ден на американските избори, со оглед на тоа што цел свет е принуден да се мавта со нивната домашна политика. А сега, интересното.
Во последниве неколку години, списанијата се мачат да го издржат притисокот на онлајн публикации, но изгледа тоа не важи за Плејгрл - се враќа и особено ќе се посвети на современите женски гласови и вредности. И некаде ко да ја грешат работата.
Четири години, #MeToo пропагира дека секоја една жена што ќе излезе во јавност со тврдење дека е на било каков начин сексуално малтретирана од маж, ја кажува вистината, во право е, ѝ се верува безрезервно и мора да е така. Освен кога се работи за Бајден. Тогаш, нешто се разговара.
Њујорк Пост објавува сторија за Џо Бајден дека во 2015 (додека се уште беше потпретседател) се сретнал со сопственикот на украинската нафтена компанија за која работи син му, а неколку месеци подоцна извршил притисок врз украинските власти да го отпуштат обвинителот кој започнал истрага околу компанијата. Според Фејсбук и Твитер оваа вест не е според нивни стандарди и не дозволуваат објавување на линк до веста.
Критичарите ја мразат, на Французите им е глупа, а публиката е поделена: едни се воодушевени, други пискаат дека е нереална. Ама поважното прашање е кога секаде, ама секаде пишуваше дека серијата ја создал Дарен Стар (Sex and the City, Younger), што очекуваа - Бергман во Париз?
„Филозофот на #MeToo“, како што ја нарекуваат Кејти Ман, ја објави книгата Entitled, каде што на многу сиров и непријатен, но успешен начин ја дискутира подреденоста на жените во општеството и проблемите од каде што таа произлегува.
Основите доаѓаат од учебниците на источногерманската тајна полиција, Штази, што Путин ги совладува на почетокот од својата кариера, само сега нишанот е кренат многу повисоко.
Напротив, тврдат дека без разлика што трескаат медиумите, не се осамени кариеристи зависни од порно, пресебични за да влезат во врска. Според врвни експерти, а и според самите миленијалци, се работи за најекспериментирачки настроена, просветлена и сексуално исполнета генерација досега.