Штетноста на машката привилегија за жените, објаснета во книга

„Филозофот на #MeToo“, како што ја нарекуваат Кејти Ман, ја објави книгата Entitled, каде што на многу сиров и непријатен, но успешен начин ја дискутира подреденоста на жените во општеството и проблемите од каде што таа произлегува.

Почнува со анегдоти за машката привилигија и како ги мотивира мажите да се однесуваат, а продолжува во наратив за корозивните ефекти што ги има таа повластеност од насловот. Терминот Entitled се користи за луѓе што мислат дека имаат привилегии, дека нешто им следува по дифолт, и за жал, сѐ почесто во негативна конотација бидејќи сѐ повеќе луѓе мислат дека им следува нешто што не им е заслужено, туку едноставно, општеството така ги убедило. Или уште потрагично - се убедиле сами.

Жените се контролираат со мизогинија, и на тој начин се тераат да почитуваат некакви ограничувања, како „околувратник со струја на кучиња што не смеат подалеку од двор без ограда“. Мажите од жените бараат да даваат, меѓу другото и дозвола, восхит, секс, телесна контрола и работење по дома. Секое поглавје во книгата објаснува како функционира таа повластеност, со незгодни примери.

Во поглавјето „Недоброволно - Околу повластеноста за восхит“ Ман раскажува за инциденти со психопати што убиваат жени затоа што ги одбиле, или замислиле дека ги одбиле.

Понатаму, дискутира за тоа како машката привилегија не е само злоупотребување, туку комплетна морална рамка. Одбива да прифати дека на едно ниво, мажите ги гледаат жените како не-луѓе, роботски, дво-димензионални фабрики за давање. Жените навистина имаат и волја и капацитет за избор, но проблемот е кога тие избори не се во иста линија со она што мажите го сакаат.

Ман објаснува како и небелите жени се ранливи во однос на класа и сексуална ориентација, директно како резултат на машката повластеност. Во поглавјето „Некомпетентност - Околу повластеноста за медицинска грижа“, раскажува реални хорор приказни, за црнкињи што изгубиле јајцеводи и бебиња затоа што не ги сфаќале сериозно кога кажувале дека имаат болки, само од причина што од жените се очекува да пружаат грижа, не и да ја добиваат. И главниот заклучок, без разлика дали доаѓа од една страшна приказна за жена што ја пратиле дома од болница додека фетусот ја уништувал однатре, или комичната ситуација каде што на авторката на книгата некој маж ѝ ја објаснува нејзината книга - е дека состојбата да се биде женско значи да се обезбедува одново и одново.

Пандемијата фрли особено силна светлина на разликите меѓу работата што мажите ја вршат по дома, и работата што мислат дека ја вршат. А жените, толку навикнати да се дефинираат во однос на тоа колку добро се грижат и обезбедуваат за другите, се борат да добијат помош.

Сепак, завршува на позитивна нота: Ман во последното поглавје ѝ се обраќа на неродената ќерка, посакувајќи и сѐ што навистина ѝ следува: автономија на телото, можност да каже што мисли, да прави грешки.

„Ќе биде долга и бескрајна борба“, вели Ман, „но заради нејзе, ќе речам, учествувам.“

Книгата се продава на Амазон тука.

2 октомври 2020 - 16:10