За илустрација:
„Само што видов нечиј ТикТок, каде што човекот кажува дека веќе никогаш повеќе нема да купи лук, затоа што открил хак - и хакот е САДЕЊЕ лук во двор. Брате, дали мислиш дека откри земјоделство?“
„Размислувам многу за реални подкасти:
- собираш неколку пријатели
- нема микрофони, ништо не се снима
- разговорот може да тече слободно
- можеш и да земеш храна и пијачки
Пробал ли некој?“
Дали пробал некој обично дружење, ли?
„Се опседнав со готвење месо над оган. Се спремам за тоа. Се осигурувам дека сум гладен пред да готвам. Мирисот на чадот и аромата на месото ми буди некои древни, генетски спомени. Го прави готвењето и јадењето значително подобро.“
Еден коментар вика, друже, готвиш вечера. Опишуваш што е оброк.
„Знаете ли што е вечер со шише? Веројатно не, затоа што јас и девојка ми го измисливме во 2020. Ги тргаме телефоните, го исклучуваме телевизорот...
И двајцата земаме по едно шише вино и зборуваме.
Толку, само зборуваме и уживаме во присуството на другиот.“
Значи, измислил разговор со девојка му.
„Понекогаш, при процес на пишување доволно добар промпт за ЧатГПТ, на крај сам си го решавам проблемот, без воопшто да го прашам.“
Или, иновација наречена „мислење со своја глава“.
Убер дури и автобуси измисли, или како што ќе каже една вест: Убер воведува шатл-возила со фиксирана рута во големи градови во САД, дизајнирани за луѓе што патуваат до работа.
Или годишнини:
„Со жена ми почнавме традиција што ни стана круцијална за бракот. Секоја година на датумот на нашата венчавка, одиме на одмор. Само ние двајца, си славиме. Тоа е клучно за успехот на нашата врска. Си го викаме „роденден на свадбата“.
Или оваа дефиниција:
Допамински декор е идејата да си го уредиш просторот на начин кој ти прави да се чувствуваш добро. Потекнува од ТикТок.
Што значи дека дури сега, ТикТокери откриваат дека можеш дома да си ставиш предмети што ти се допаѓаат.
Еден куп луѓе на ТикТок знаат да отворат видео со нешто од типот „сте слушнале за саботна теорија?“, за на крај да објаснат дека се работи за луѓе што сакаат да се забавуваат во сабота.
Којзнае што нè чека.