Пораките што регуларно биле разменети на Ајфон, преку магијата на синхронизирање и клауд завршиле и на Мекинтошот на сега разведениот, и покрај тоа што биле избришани од телефонот.
Сега мажот признава дека минатите години во повеќе наврати контактирал проститутки и договарал средби, ама секој пат бил внимателен пораките да ги избрише, верувајќи дека тие навистина се избришани од секаде.
„Но, кога неговата сопруга кликнала на Ајмесиџ апликацијата на семејниот Ајмек, таму покажало дека последната порака испратена до Ајфонот на друг човек била до проститутка. Кога таа дополнително почнала да проверува открила неколку години наводно избришани пораки до проститутки,“ гласи официјалната верзија за тоа како паднал човекот.
Разведениот ќе го тужи Епл за отштета од 5 милиони фунти, колку што тој тврди дека изгубил со разводот, плус трошоците за адвокат.
Тој тврди дека компанијата им нема доволно јасно нагласено на муштериите дека пораките испратени преку Ајмесиџ можат да бидат видени и преку други поврзани Епл уреди, дури и кога тие се избришани на оригиналниот телефон.
„Ако ти е кажано дека пораката е избришана заслужуваш да веруваш дека таа навистина е избришана,“ објаснува разведениот.
Ваквото тврдење го потврдуваат и адвокатите што тој ги има најмено, кои објаснуваат дека нивната проверка покажала дека „Епл им нема јасно соопштено на корисниците што се случува со пораките кога тие се испратени или примени, и уште поважно кога се избришани.“