Да се помириш со „невистинскиот“

Во сведоштва на какви што не налетуваме често, жени кажуваат како им изгледа животот со маж што да можат, не би го избрале „ама тоа е“.

Прашањето на Редит:

„Жени што сте се помириле со некој што не бил вистинскиот, но сепак бил добар човек, како е?“

Одговорите:

1.
„Тажно, здодевно, но безбедно. Понекогаш ми недостасува „вистинскиот“, но само пријатели сме и не можеме да бидеме повеќе од тоа. Или е ова, или тотална осаменост, па барем имам друштво, секс и некој што вистински ме сака. Се разбира, би си ја дала десната рака за вистинска љубов, ама тоа е.“

2.
„Мажена сум 5 години, заедно сме 16. Не е секогаш лесно. Во моментов не ни оди, па лесно е после секој проблем веднаш да ти текне „знаев дека не треба да останам со него.“ Понекогаш се прашувам дали сум кукавица… Мојот сопруг ме обожава и е добар човек, но не ме исполнува интелектуално, емотивно е незрел и на различни планети сме со сексуални желби. Борба е, ама не е кошмар.“

3.
„Мојот сегашен сопруг е добар. Добра личност, вистински обезбедува, ме засмејува, сексот е задоволителен. Можеме лесно да разговараме. Само не е она чувство на вљубеност што сите го сакаат. Не ме сфаќајте погрешно - има љубов. Но романтиката/принц на бел коњ/до месечината и назад - тоа го нема. Во ова сум на долги патеки. Исто и маж ми.“

4.
„Доста фино оди - подеми и падови веќе шест години. Тој работи многу, а јас сакам да бидам сама. Потешко е кога доаѓаат неговите деца затоа што немам желба да бидам мајка, но подобро се организирам од него, па и таа улога ја преземам. Се надевам дека светот наскоро ќе отвори затоа што уживаме во романтични бегства. Го сакам ама не сум вљубена во него.“

5.
„Пристојно оди. Имаме проблеми со комуникација (и со емотивната зрелост на мојот партнер), но главно функционира и главно сум среќна.“

6.
„Бев уверена дека „вистинскиот“ ќе ми прави пеперутки во стомак и ќе биде воодушевен од моето присуство. Кога го запознав мојот партнер, ништо од тоа не се случи. Цело време се прашував, си велев, „нешто не е во ред, не знам дали е вистинскиот“. Долго време сме заедно и драго ми е што не си ги послушав тие сомнежи. Пеперутките се преценети. Мојот партнер секој ден ми е подршка и имаме изградено многу силна и цврста основа.“

7.
„Мажена сум 28 години. Сме имале и подеми и падови, но да бидам искрена - тој беше вистинскиот - само не знаев во тоа време. Понекогаш „вистинскиот“ е идеал врз основа на младешките приоритети, но со зрелоста сфаќаш дека не се толку важни повеќе. Да додадам, пред неколку години налетав баш на тој „вистинскиот“. Не бев импресионирана и мислам дека се извлеков добро.“

8.
„Во ред е… Чекам да заврши.“

9.
„Фино е. Не беше баш меден месец на почеток, но сега сме заедно пет години и многу сме среќни.“

10.
„Функционира затоа што веќе не сум сама, ама богами, сериозна жртва направив.“

11.
„За неколку месеци правиме 6 години заедно. Тој е најљубезниот човек што го познавам и ме почитува. Тој е дефиниција за добар човек. И - не можам да објаснам како го знам ова - но од длабочината на срцето чувствувам дека никогаш нема да ме повреди. А ми треба да се чувствувам безбедно.“

Уште тука.

15 април 2021 - 13:43