Зошто баш Кајли Џенер да го носи „Fantasy Bra“?

Кајли Џенер ја доби врвната чест на модниот спектакл на Викторијас Сикрет: Да излезе на писта во Fantasy градникот за оваа година, вреден рекордни 50 милиони долари. Кај е проблемот?

Концептот на Fantasy Bra е уште од 1996 година, како начин да се прослави врвната „фантазија“ на брендот, со создавање на најбогато украсениот долен веш на светот, за најзаслужната манекенка во тој момент. Во 1996, таа манекенка беше Клаудија Шифер. Потоа честа ја добија Кендис Сванпол, Тајра Бенкс, Жизел Бундхен и Адријана Лима - жени чии животи се посветени на нивните модни кариери.

Последниот ваков градник е направен во 2018 и го носеше Елса Хоск. После тоа малку се искилави работата - тогашниот главен маркетинг-директор на ВС, Ед Разек кажа дека „трансродови и плус сајз модели не се вклопуваат во фантазијата“, па имаше драма (тогаш уште царуваше кансел-културата и беше на најјако), ВС почна да прави глупости и малку паузираше целата таа „фантазија“, до 2024.

Сега, во 2026, со подзаборавени и благо решени проблеми со инклузивност, „градникот од фантазиите“ се враќа, ама со свои контроверзи: Џенер, избраната да го носи не е манекенка. Секој друг ангел што го носел градникот со години работел за да го заслужи и секоја девојка била познато лице во ВС пред да го носи. Зошто со Кајли прескокнуваат модели како Барбара Палвин или Бела Хадид?

Како одговор, главниот креативец на ВС, Адам Селман вели дека „Џенер е културна институција“, а шоуто е „фандамониум“.

20 октомври 2026 - 12:00