Долги години Викторијас Сикрет дефинираше што е секси за милиони жени во светот, продажбата скокаше до небо, а годишното шоу беше доведено до статус на култ. Да станеш Ангел беше сигурен пат до блескава модна кариера.
Но, во последно време, компанијата се држи на стаклени нозе, имаа ПР проблеми, на крај го откажаа шоуто - и уште ова им фалеше.
Според интервјуа со над 30 сегашни и поранешни менаџери, вработени, хонорарци и манекенки, двајца моќни мажи стојат на врвот од култура на мизогинија, силеџиство и малтретирање. Се работи за Ед Разек, кој со децении е еден од главните извршни директори во Викторијас Сикрет и Лесли Векснер, милијардер и основач на компанијата.
Обвинувањата се многу сериозни - Разек го товарат со неприкладно однесување што вклучувало бакнување и фаќање меѓу нозе, а Векснер дека го дозволувал тоа и не ги есапел многу поплаките - дури и дека ги откачувал манекенките што ги поднесувале. Понатаму, Векснер го обвинуваат и за мизогинистичко однесување и за потсмевање со темата малтретирање.
Извештајот доловува една мрачна слика за компанијата, на која од 2019-та и гори под нозе кога поврзаноста на Векснер со Џефри Епстин стана јавна. Открива токсична корпоративна култура во која стравот на жените да не има негативни последици од она што ќе го кажат, ги замолчува со децении.
Продажбата паѓа со вонсериска брзина, а од тоа пострашен е само падот на популарноста - купувачите ги нарекуваат лажни и оперирани од променливоста на нормите за убавина.
Последниов извештај е како еден од последните, ако не и последни клинци во ковчегот на Викторијас Сикрет.