Отфрлените парчиња, заедно со други ВС производи ги нашла Мелани Гелинас, која живее над продавницата што претходно била нивна.
„Имаше стотици сигурно и си помислив, каква штета. Овие одат на депонија. А можат да одат во прифатилишта за бездомници, каде што ќе им се најдат на многу измачени жени.“
ВС прати жртва да зборува со јавноста, и вели,
„Жал ни е што ова вака изгледа. Се затвораше продавницата, па фрливме семпл производи и градници од гардеробите. Целиот преостанат инвентар е релоциран во другите продавници.“
Ова им е најново од нештата што не им даваат да дигнат глава - Њујорк Тајмс објави претходно дека истражува по обвиненија за малтретирање поднесени од вработени и манекенки на компанијата. Од таму, веројатно по совет на генијалниот ПР, рекоа дека „им е жал.“
Минатиот август, ЦМО-то на ВС - Ед Разек се повлече откако коментираше дека нема да ангажираат плус-сајз и трансродови манекенки затоа што „шоуто е фантазија“, а во ноември објавија и дека ќе го откажат скроз. Додај на тоа дека главниот и одговорен, Лесли Векснер, се дружеше со Џефри Епстин - и имаш рецепт за пропаст.
Зошто тоа никој не го хендла како што треба на толкави пари - не се знае.