Има 22 години, од Бразил е, и на светот му ја соопшти веста од Инстаграм, со фотографија во бањарка од бекстејџ, под која пишува дека е на сликање за ПИНК колекцијата на Викторијас Сикрет во Њујорк.
Објави и селфи-видео каде што пишува, „Никогаш не престанувајте да сонувате, луѓе!” и фотографија со текст „Животот е неверојатен… Повеќе сакајте, помалку мразете, омразата е бескорисна, не трошете време на неа!”
Ова е се фино и точно, а доаѓа како резултат на притисокот што новото време го изврши на Викторијас Сикрет, откако ги караа дека немаат ни дебели ни трансродови и дека не се достојно претставени кај нивниот бренд.
Нејзиниот менаџер, Ерио Занон ја пофали дека влегла во историја со „неверојатните вести”. „Многу е среќна и горда што ќе ја претставува нејзината заедница,” сподели тој. „Се надева дека оваа шанса ќе биде уште еден чекор за кршење бариери.”
Викторијас Сикрет и Л Брендс немаат искоментирано на постовите, а инаку се борат со пад на продажбата после контроверзните изјави на Ед Разек околу вклучувањето на плус-сајз и трансродови девојки во шоуто.
Сампајо (Не веќе постоечкиот ангел Сара Сампајо, туку Валентина) навистина влегува во историја, но сепак нема да прошета на ревијата затоа што наводно нема да ја има оваа година, ако ја земеме предвид изјавата на ангелот Шанина Шајк: „Сигурна сум дека работат на брендот и на нови начини да се изведе шоуто затоа што е најдоброто шоу на светот.”
Ова инаку не ѝ е прв историски момент на Сампајо. Во 2017-та стана и прва трансродова манекенка на насловна на Вог.
Во однос на тоа што ќе се случува со Викторијас Сикрет какви што ги знаеме до сега, Лесли Векснер, извршната директорка на Л Брендс во допис до соработниците има напишано дека настанот веќе нема да се емитува на телевизија после 20 години, затоа што компанијата „ќе воведе свеж изглед на секој аспект од работата” и дека брендот мора „да еволуира, да се менува и да расте.”
И наскоро ќе дојде време кога ќе викаме „ви текнува кога Викторијас Сикрет имаше само слаби, женски манекенки?”