Дечкото и бабата што си отворија ОнлиФанс

23-годишен тип, оженет со 76-годишна жена после долго време отворено присуство на социјални мрежи каде што со светот споделуваат серенади и бакнување, отвораат и ОнлиФанс профил, за тие што сакаат и повнатре да им влезат.

Алмеда и Гери се земале во 2015, кога тој имал 17, а таа 71, две недели откако се запознале на погребот на нејзиниот син.

Во тој момент, Гери бил штотуку излезен од врска со друга девојка, малку постара од неговата идна сопруга - 77 имала - и вели дека било љубов на прв поглед кога ја здогледал Алмеда, инаку баба на 6 души, од кој еден е и постар од Гери.

Среќниот пар ги исчекал тие тешки две недели до првата брачна ноќ за да имаат секс - среќа, воопшто не биле разочарани, напротив - Гери ја опишал Алмеда како чудесна љубовница.

„Беше прекрасно, не сум можел да го замислам ни во најлуди сништа. Таа ми е жена од соништата, физичкиот дел од нашата врска не може да е подобар.“

Се фали и таа, дека имаат „одличен секс и вљубени се како и првиот ден“.

Оттогаш, имаат креирано ТикТок канал каде што има видеа од нив како се бакнуваат и како си пеат еден на друг. Најново е што решиле да си отворат и ОнлиФанс канал, па и таму да ја споделуваат нивната љубов со светот.

„Со жена ми сме на ОнлиФанс, 53 години сме разлика. Имаме целосно експлицитни содржини и досега сме во првите 10 проценти, за една недела.

Наплаќаат 11 долари месечно, ако ви се гледа, но во моментов нудат попуст и можете да ги гледате за само 5ипол долари.

За нивната неконвенционална врска, Алмеда вели „Не барав помлад маж, но Гери едноставно се појави. И веднаш знаев дека е вистинскиот.“

3 декември 2020 - 12:22