Малата госпоѓица „Добиено”

Манга лик што ги предизвикува табуата врзани за месечниот циклус. Да, Јапонија е во прашање, кој друг.

Розево е, во вид на дамка, со црвена уста и хеланки. Оригиналното име му е Сеири-чан.

Антропоморфната менструација, која сега има и свој цртан главно фино ја прифаќаат жените во Јапонија, каде што често месечниот циклус се гледа како нешто валкано и срамно.

„До сега, менструацијата беше нешто што требаше да се крие и многу луѓе не ја ни разбираат до крај,” вели Казуе Мута, професорка по социологија на универзитетот во Осака. „Не дека можам да ја испофалам оваа манга до крај… но фин чекор е, кон повеќе отвореност и подобра едукација.”

Во серијата, ликот посетува неколку жени и им мава бокс во стомак - нели, грчеви. Истовремено, ги поддржува во личните проблеми, па слични боксови им мава и на сопрузите што ништо не ги разбираат.

А оно ГРДО.

Филмот го фалат заради невообичаената искреност и портретирањето на фрустрациите што многу Јапонки ги чувствуваат, и тоа во држава каде што боледувањето поради месечен циклус постои од 1947-ма, но ретко кој го зема.

Во религијата Шинто, менструалната крв е нечиста и жените со добиено не смеат да влегуваат во сумо рингови или да стапнат на свети локации (познато?!).

Има и филм, каде што протагонистката Аоко е уредник во издавачка компанија, а нејзиниот шеф (маж) не покажува сочувство кон нејзините болки.

Непријатности за Сеири-чан имаше во октомври, кога се појави на значки - жените во една продавница во Осака ги носеа за да покажат дека имаат добиено. Ги предложила една од нив, за да се подобри разбирањето меѓу колегите и муштериите на оваа тема. Е сега, некои од купувачите ја поддржаа идејата, но критичарите сметаат дека значките се нарушување на приватноста и можност за малтретирање на работно место.

Од управата велат,

„Добивме позитивни реакции за значките и како поттикнуваат дискусија за нашето општество… но отпорот менструацијата да стане јавна тема е се уште силен.”

Еве трејлер и малце е хорор:

18 декември 2019 - 12:25