Најглупавите изјави на лажните борци за социјална правда

„Ана Франк имала бела привилегија“ и други тешки глупоштини.

Примерите доаѓаат по јавно поставено прашање:

Кој е најекстремниот прогресивен став што сте го слушнале?

  • Да сакаш здраво дете значи дека дискриминираш луѓе со инвалидитет.
  • Оправдување лошо однесување затоа што е „реакција на траума“.
  • Дискриминираш луѓе со ментални проблеми ако се лутиш дека некој доцни.
  • Барање да се укине полицијата.
  • Да сакаш да ослабеш значи дека имаш фобија од дебели.
  • Градови каде што лесно се пешачи од точка А до точка Б се фобични кон дебели.
  • Да кажуваш дека не пиеш алкохол во бременост е дискриминирачки кон луѓе со нарушувања затоа што треба да си го сакаш детето без разлика дали ќе биде инвалид. (Што е точно, ама не треба и да го ставаш на ризик за нешто што може да се спречи).
  • Дека е нетрпеливост и ругање тинејџерки што станале мајки затоа што судиш дека некој планира второ дете на 17.
  • Ако си Евреин си колонизатор (Девојката што го споделува ова никогаш не живеела во Израел, не живееле ни нејзините и не ни биле таму).
  • Абортирање фетус со фатален проблем што предизвикува да поживее само неколку часа по раѓањето во тешки маки - е дискриминрачко однесување кон инвалиди и евгеника. Не зборуваме за Даунов синдром, туку состојби како аненцефалија.
  • Претерувањето за рекламата за фармерки со Сидни Свини.
  • „Не треба да имаме затвори.“
  • Кога фризерите бараат дозвола да ја допрат косата на клиентот.
  • Дека жените што се бричат го прават тоа само заради мажи.
  • Да не сакаш рап е расистички.
  • Кансел на луѓе за нешто што го кажале пред децении.
  • Кога се прават генетски тестови на плодот е евгеника.
  • „Бремена сум и реков дека ќе родам девојче и една ми кажа дека сум назадна затоа што претпоставувам дека ќе сака да се декларира како девојче.“
  • Евгеника е да тврдиш дека е погрешно да раѓаш деца што не можеш да си ги дозволиш.
  • „Цуцли сексуализираат бебиња.“

  • Дека возраста на која човек може да даде согласност за сексуален однос треба да се качи на 25. (Нема да одврати идиоти, ќе отвори можност луѓе во нивни 20-ти да се гледаат со тинејџери и еден куп други проблеми.)
  • Да се толерира непочитување затоа што „аутистичен е и може да се вознемири ако се конфронтираш со него“.
  • Евгеника е ако кажеш дека бездомници што не можат ни да се прехранат не треба да имаат деца.
  • Ако сакаш моногамна врска (наспроти полигамна) е „изведување колонијализам и капитализам“.
  • Да се облекуваш женствено е регресивно, а мажествено е интернализирана мизогинија.
  • Изневерувањето е форма на сексуален напад.
  • Ако си анти-ВИ, значи дискриминираш луѓе со недостатоци, затоа што „ВИ ја прави уметноста достапна“.
  • Родова дискриминација е да кажеш „Здраво дечки“.
  • Барање дозвола од бебето да му смениш пелена.
  • Ако се забавуваш со некој една година помал од тебе е злоупотреба затоа што си со некој што може да ти биде брат.
  • Класистички е да си против ВИ.
  • „Јас сум транс-маж и лезбејка...“
  • Тригер-предупредувања
21 октомври 2026 - 12:21