Значи, за Холивуд така безгрешен и праведен не постои доволно добар водител за Оскари, освен можеби - да се симне Исус и да се фати за микрофон. А гарант и него ќе му речат „Да, ама ти коа рече ‘прости им, не знаат што прават’, сакаше да кажеш дека се глупи и необразовани, што значи, дискриминираш по основ образование кое на тие луѓе им било ускратено, значи хејташ без основа, значи #БанИсусФромДОскарс, Роман Полански гомна да јаде!”
Ете такви се, и да се надеваме дека овие бљувотини ќе останат во претходната деценија, а ова дека е само ехо од последните неколку години инквизиција.
Академијата на Твитер гордо пиша:
This year’s #Oscars at a glance:
— The Academy (@TheAcademy) January 8, 2020
✅ Stars
✅ Performances
✅ Surprises
🚫 Host
See you Feb. 9th!
Што значи дека треба да се радуваме што всушност тие „само повторуваат една успешна формула”. Лани откако Кевин Харт се откажа, настанот помина без водител, релативно океј, а водител немаше ни во ’89-та на настанот што светот го памти како „катастрофален”.
Дали нè чекаат безлични, увиџајни шеги и екстра внимателност како не би се стопила некоја снегулка, ќе видиме.
Номинациите се во понеделник.