По новиот закон, промоција и реклама на ултра-брза мода (што доаѓа на пример, од Тему, од Шеин) се забранува на сите платформи, вклучувајќи и социјални мрежи. Ова значи дека инфлуенсери кои заработуваат преку haul видеа, линкови со кодови и брендирани партнерства нема да можат легално да продолжат да прават пари со овие брендови. Дури и кога не прават пари, а ги прават евтините производи видливи може да ги казнат.
Законот се однесува не само на потрошувачките навики, туку и на социјалната моќ на дигиталното влијание и цената на претераното трошење. Инфлуенсерите повеќе не се сметаат за пасивни учесници во маркетингот, туку за клучни актери кои ја оформуваат побарувачката, особено меѓу млада публика, лесно подложна на влијанија.
Меѓу другото се предвидуваат даноци за ултра-брза мода, забрани за претерани промотивни тактики и се подвлекува директна линија меѓу хипер-видливоста и еколошката деградација.