Следен пат кога ќе разгледувате по бувјаци, гаражи или винтиџ дуќани, избегнувајте ги овие 11 работи:
1. Перници
Без разлика дали се декоративни или за спиење, перниците собираат бактерии, прљавштини, па дури и вошки. Не знаете ни каде биле, ни како се користеле. Подобро купете нови - хигиената е поважна од цената.
2. Старински чинии
Ако планирате да ги користите, а не само за украс, внимавајте: постои ризик од присуство на олово, особено кај американски производи од пред 1970-тите. Купете сет за тестирање на олово или истражете го брендот пред да ги ставите на маса.
3. Душеци
Луѓето најмногу се плашат од болви или телесни течности, а всушност, колку го бива душекот за кичма е многу поважно. Душеците со тек на време ја губат формата и можат да влијаат на квалитетот на спиењето и здравјето на 'рбетот.
4. Кациги
Без разлика дали возите велосипед, скии или борд, кацигите секогаш треба да се купуваат нови. Еднаш оштетена - иако не видливо - веќе не нуди соодветна заштита. Безбедноста не се купува на попуст.
5. Тапацирани наслони за кревет
Како и душеците, тие се идеално место за бактерии. Некои луѓе легнуваат валкани, со остатоци од производи за коса - и сето тоа завршува на наслонот. Ако купувате половен, нека биде дрвен или метален.
6. Луксузни производи без верификација
Скапи чанти, чевли, брендирани аксесоари - не ги купувајте доколку не се проверени за автентичност. Постои ризик да платите многу за фалсификат. Побарајте верификациска услуга или консултирајте онлајн заедници кои се специјализирани за оваа намена.
7. Килими
Освен ако не станува збор за стар персиски килим со колекционерска вредност, подобро избегнувајте половни килими. Луѓето често ги продаваат поради дамки од миленици или непријатен мирис кој дома се чувствува многу повеќе отколку во продавница. А и господ знае што е истурено на нив.
8. Старински детски креветчиња
Колку и да се убави, често не ги исполнуваат современите стандарди за безбедност. Постои и ризикот од производи повлечени од продажба или нестабилни структури.
9. Електрични апарати без можност за тестирање
Малите апарати имаат ограничен век, а без историја на користење - не знаете во што инвестирате. Доколку не можете да го тестирате или нема гаранција, размислете двапати. Исклучок: ако станува збор за ретро парче што планирате да го реставрирате.
10. Детски седишта за автомобил
Иако скапи, тие имаат рок на траење - и тоа не многу долг. Малкумина знаат дека детските седишта имаат датум на истек, а тоа е клучно за безбедноста. Некои продавници што ги продаваат на ново нудат попуст ако донесете старо седиште на замена.
11. Половна постелнина
Чаршафи, ќебиња и прекривки можат да имаат вошки или микроби, особено ако биле складирани со тапациран мебел. Никогаш не знаете каде биле користени и во какви услови.
На крај, купувањето половни работи може да биде одлично искуство - но не по секоја цена. Некои работи едноставно вреди да се купат нови. И за домот и за здравје и за мирен сон.