Многу народ се потресе на првите фотографии од снимањето на продолжението на „Ѓаволот носи Прада“, главно заради новите модни комбинации кои уште невидени на филм добиваат култен статус. Меѓу парчињата што најмногу привлекоа внимание беа џиш-црвените сандали на Мерил Стрип, за кои не беше потребно богзнае колку време да се откријат.
Се работи за The high Cubisto slingbacks на Jacquemus, што можете да си ги набавите за чудесни (без сарказам!) 750 евра, ама да побрзате затоа што може да станат 7500 после премиера.
Да ги видиме убаво:
А, богами и комплетчево на Енди Сакс не се шали:
Држете среќа да биде Терминатор 2-ситуација: Да е подобар од првиот и да не мора обесени да излегуваме од кино затоа што е уште една упропастена приказна поради втор дел.
Еве, не мора да биде подобар од првиот. Само да не е упропастен.