Реакциите по рекламата за фармерки со Сидни Свини покажуваат „како интернетот целосно го расипа политичкиот и културен дискурс“, пишува Чарли Варзел за Атлантик.
Како што пишавме во Љубомора во прогресивно руво, во рекламата на Американ Игл, Свини го изговара следното: „Гените се пренесуваат од родители на потомци, често одредувајќи карактеристики како боја на коса, личност и дури и боја на очи.“ Кога камерата се фокусира на нејзините сини очи, таа додава: „My jeans are blue.“
„Играта на зборови jeans/genes е типичен dad joke,“ пишува Варзел. „Но кога ја кажува Свини - русокоса, синоока актерка, чија удобност во сопственото тело ги вознемирува луѓето - тоа станува нешто друго.“
Во еден ТикТок, инфлуенсерка вели дека рекламата „буквално изгледа како нацистичка пропаганда“. Други коментираа дека „Сидни Свини рекламира евгеника“.
Иако контроверзијата околу Суини е очекувана, фактот тоа што некои ја нарекуваат „дискурс“ е погрешно, вели Варзел. Ниту еден од учесниците - било да се блогери, случајни корисници на X, или коментатори на Инстаграм - не зборува навистина со луѓето од другата страна на „дискурсот“ за да биде така.
Овој развој е веќе добро извежбана шема. Прогресивците изразуваат искрена загриженост. Реакционерите ги прикажуваат како хистерични. Креаторите на содржини го користат моментот за да генерираат содржина. Други, пак, само посакуваат таа енергија да се насочи кон вистинските нацисти. Во меѓувреме, медиумите го сумираат хаосот во кликбејт наслови.
„Она што може да почне како легитимна загриженост станува нешто сосема друго - интернет-настан, спектакл на внимание,“ продолжува Варзел. „Ова не е процес на создавање смисла; туку процес за масовно предизвикување вознемиреност.“
Рекламата со Свини, како секое добро парче дискурс, им овозможува на сите да ја искористат политичката и културната клима за различни цели. Некои со добри намери. Некои цинично. Речиси сè опстојува затоа што постојат подлабоки нешта за кои луѓето навистина сакаат да се расправаат, а никако да почнат.