Епстин станува жанр:

Ниедна пара на светот не те спасува кога си гаден

Питер Најгард, 79-годишниот моден могул го уапсија во понеделникот поради обвиненија што датираат уште од 1995, а вклучуваат рекетирање, трговија со принуден секс и транспорт на малолетник за проституција.

„Повеќето жртви биле наведувани, убедувани и принудувани да имаат секс со Најгард на еден или повеќе од следниве начини: лажни ветувања за манекенска кариера или кариера во модната индустрија, пристап до алкохол и дрога, плус буквално ставање дрога во пијачката и физичка сила,“ пишува во обвинението.

Меѓу неговите соучесници е именувана и Сулин Медеирос, Инстаграм-модел со над 2.6 милиони следачи. Нејзе ја обвинува една жена од Мајами дека учествувала во измама да собира и редовно да оддржува база на жртви на Бахамите, каде што жената што тогаш имала 18 години била сосила одведена во спалната на Најгард и силувана. Медериос, која наводно поминала години како „скаут“ на Најгард ја плаќале во кеш, скапи подароци и пластични операции, па никако не можеме да си објасниме зошто е уште сељанка:

Друга жена го тужи Џонатан Барам (на горнава слика) и неговата агенција за таленти, кој ѝ бил агент на Медеирос, „долгогодишна поранешна девојка и сексуална работничка на Најгард.“

„Се работело со многу комплексна мрежа на соучесници и ко-конспиратори, кои прибирале и привлекувале луѓе, правеле тајни исплати и заплашувале,“ објаснува адвокатот Грег Гацлер. Вели и дека Најгард не би можел да стигне до толку жени и девојки сам и тие што му помогнале треба да бидат казнети за своето учество. Мрежата на Најгард покривала повеќе земји, а канцелариите што наводно служеле за бизнис имале свои „passion pit“, или ако сакате катче за страсти кое по потреба се отворало.

Авионот на Најгард

Секое говно во приказнава ги негира обвиненијата, патем. Но, под објавата на diet_prada, еден од коментарите значајно ќе каже:

„Ова го чекам уште кога поминав покрај една негова продавница и имаше поставено огромна фотографија од него, од под до плафон.“

Ова доживување на себеси треба нешто да ви каже. 

16 декември 2020 - 12:34