Миленијалците не се во никаква сексуална рецесија

Напротив, тврдат дека без разлика што трескаат медиумите, не се осамени кариеристи зависни од порно, пресебични за да влезат во врска. Според врвни експерти, а и според самите миленијалци, се работи за најекспериментирачки настроена, просветлена и сексуално исполнета генерација досега.

Прво, некои од насловите што ги нервираат миленијалците во Космополитен:

„Американците на возраст од 20 до 24 се толку сексуално неактивни, што нема да ви се верува“ е еден наслов од 2016.

„Миленијалците и зумерите имаат секс поретко од било која претходна генерација“

„Денешните млади пријавуваат многу помалку сексуални партнери од припадниците на претходните две генерации“ е последната наведена изјава од Атлантик, под наслов „Сексуалната рецесија“.

И на крај, пред неколку месеци во март, Вашингтон Пост ги навреди со „Големата американска сексуална суша“ и додаде дека „за ова треба да ги обвиниме младите“.

И онака ги обвинуваат за млеко од мешунки и за целото Кардашијан семејство па, зошто да не?

А кога ќе решиш да дискутираш со вистински миленијалци, имаш многу поинаква и попозитивна приказна - дека шејминг и целибат има во многу помала мера - наместо тоа има внимание и изобилство. Се работи за генерација што обожава занаетчиски и уметнички работи. Зошто да се помират со базичен секс?

Имаат секс кој е експериментален, а истовремено задоволувачки и значаен. И самите тоа го потврдуваат во анкети, каде што буквално секој што е прашан кажува дека вреднува квалитет над квантитет кога се работи за секс, што е тотално поинакво гледање на работите отколку во ’90-те („Сексот и градот“, на пример). Исто така се главно задоволни од сопствените сексуални животи, податок што никако не го истражуваат написите спомнати погоре.

Вистината лежи во тоа што, без разлика колку често имаат секс, пред се прифаќаат флуидност, растураат стигми и се ослободуваат да го имаат сексот што сакаат да го имаат. Некои истражувања покажуваат дека многу повеќе од порано има млади што се идентификуваат како ЛГБТК+.

„Помладите се поотворени за отфрлање на неки постари и потрадиционални етикети за сметка на нешто што се совпаѓа со нивната идеологија и преференци,“ вели Дејвид Фредерик, лекар и професор по психологија на Чепмен универзитетот. Ваквото прифаќање (од себе и од другите) е клучно за добар секс: Чувството на гордост во врска со идентитетот води и кон исполнетост во кревет, според едно истражување на дневникот „Психологија на сексуална ориентација и родова разноликост“.

Понатаму, за секс во 2019 не можеш да дискутираш, без притоа да спомнеш #MeToo, движењето кое ја предизвикува идејата дека можеме да си ги мериме сексуалните животи со нешто друго освен со сопствените генерациски вредности и изјавите за задоволство.

Миленијалците сѐ уште имаат редовен сексуален живот. Можно е помалку да се фокусирани на пенетрација, а повеќе на други занимливости. Ги користат сите играчки што им се достапни за да си осигураат оргазам. Се држат до партнери кои вистински им се допаѓаат. Не се ограничуваат на етикети. И што е најважно, не мислат дека ова е тажна приказна.

На крај, новинарката се јавува во една гинеколошка оргинација, каде што гинекологот е и професор на Катедрата за акушерство и гинекологија на Јејл и ја прашува што мисли за темата. Разговорот оди вака:

„Чекај само, да видам колешката дали е тука. Сакам уште едно професионално мислење.“

Се довикува низ канцеларијата.

„Имам прашање! Космополитен е на телефон и прашуваат дали миленијалците имаат многу помалку секс од претходните генерации!“

Пауза, па мрморење, па докторката се враќа.

„Ми прави фаца, ми ниша со глава, демек, ‘Нема шанси.’ Фразата што ја употреби беше ‘се ебат ко зајци’.“

Ете, сега знаете.

7 септември 2020 - 02:22