Убиен вториот човек на руската Морнарица
3 јули 2025
- Генералот Михаил Гудков, втор човек на руската Воена морнарица, загинал при укеаински напад кај Курск, објави Министерството за одбрана. Тој е еден од највисоките руски офицери што загина во војната со Украина.
- Неофицијално Гудков (42) бил убиен при украински напад со проектил од американскиот систем ХИМАРС врз командна позиција во пограничниот регион Курск, на територијата на Русија.
- Генералот командуваше со крајбрежните трупи, вклучувајќи и и единици на маринци. Пред да биде унапреден во заменик-командант на Морнарицата, тој командуваше бригада Маринци од Пацифичката флота, ангажирана на фронтот во Украина, а потоа и во Курск.