- Првата заблуда е создадена од преговарачите на Преспа, а со јасна цел да прикажат дека нашата страна добиле нешто со овој Договор (освен симнувањето на Грчкото вето за ЕУ и НАТО). Таа заблуда е дека со Преспа „се потврдил“ македонскиот јазик во нашата лична карта во ОН. Напротив, во ОН уште од приемот на нашата држава во 1993 година, во личната карта на нашата земја службениот јазик си беше именуван како „македонски“. Тоа е така затоа што македонскиот јазик никогаш и не бил дел од т.н. „спор за името“.
- Втората заблуда е дека Преспанскиот договор е последниот компромис кој го правиме со членките на ЕУ, пред нашиот прием во Унијата. И оваа заблуда е пласирана од преговарачите на Преспа и на Билатералниот договор за добрососедство со Бугарија, свесно и намерно. Еден шеф на дипломатијата не може да не знае дека кога склучува билатерален договор со Бугарија, во кој Бугарија се одрекува само од ветото за членство во НАТО, а не и за ЕУ, всушност на Бугарија ѝ го „запечатил“ правото за вето во ЕУ. И дека во иднина може да очекува барања за ветото да не се активира. Ако не знаел, тогаш е комплетен идиот кому местото не му е на чело на дипломатијата на една земја.
- Во текот на преговорите ќе се отвораат и исполнуваат и другите обврски од листата на Бугарија.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.