Ќе има серија за Памела Андерсон од ’90-те

И звучи хаотично, ама па - каква да биде?

Серијата ќе го следи животот на Андерсон, во време на Бејвоч, бракот со Томи Ли (со кој тајно се омажи четири дена откако се сретнаа во 1995) и материјалот за таблоиди во кој им се претвори врската. Ќе навлезе и во (тоа заради кое кликнавте) протечената секс-лента што ја направија на медениот месец и правниот хаос во кој влегоа за да ја симнат.

Инаку, нивното видео стана првиот вирален порно филм, кој доведе нова демографија од луѓе во индустријата - гледачи што сакаат интимен поглед во луксузните лични животи на познатите. Се смета и за дефинирачки момент во дискусијата за приватноста на познатите.

Ќе игра Лили Џејмс од Мама Миа (и од насловни на Плејбој), Томи Ли ќе го игра Себастијан Стан (го знаете од Марвел универзумот), а Сет Роген, кој ќе биде и продуцент, ќе го глуми електричарот што како одмазда на тоа што Томи Ли му вперил пиштол - им ја украл касетата од куќата во Малибу и се разбира - се збогатил од нејзе.

Продукцијата почнува на пролет, 2021 со работен наслов „Пам и Томи“

21 декември 2020 - 11:26