Апликација за регистрирање согласност за секс?

Комесарот на полицијата во Нов Јужен Велс предлага апликација што дигитално ќе регистрира дозвола и согласност за секс. Според него, ќе може да се користи како доказ.

Сепак, многумина го критикуваат овој предлог како ограничен и плус се сомневаат во обид за следење од страна на државата. Ова се случува во време кога во Австралија се води дискусија на национално ниво за сексуален напад, злоупотреба и малтретирање на жени, плус се случуваат протести.

Комесарот инсистира,

„Можеби имате синови и браќа и мислите дека ова е преголем предизвик, ама ваква апликација ги заштитува сите.“

Вели дека потребата да се докаже експлицитна согласност е постојан проблем во судски случаи и дека на овој начин би се постигнале подобри исходи за жртвите.

Сепак, активистите за женски права имаат многу логична забелешка: Џабе регистрирана согласност, кога некој може да се предомисли, или едноставно да биде - лажна.

„Ни треба реформа на законот за согласност, ни треба сеопфатно образование, треба мажите да се одучат одидејата дека можат да добијат сѐ што сакаат… НЕ НИ ТРЕБА АПЛИКАЦИЈА!“ твитна пратеничката Џени Лонг.

Ова е само најновото од низата погрешни обиди да се реши насилството врз жените. Особен проблем, како што многумина забележаа е што можеш да го присилиш или да го убедиш човекот да кликне „согласност“ на апликацијата, на еднаков начин како што тоа вербално се постигнувало отсекогаш.

Апликација веројатно им се чини како поедноставно решение од бришење векови и векови погрешно поставени норми.

19 март 2021 - 12:40