Републиканците почесто имаат секс од демократите

Ние вакви податоци немаме и тоа е тажно. Туку, среќен ден на американските избори, со оглед на тоа што цел свет е принуден да се мавта со нивната домашна политика. А сега, интересното.

Ова е уште една анализа на разликите помеѓу Демократите и Републиканците во Америка, и некој (Анкета за секс и интима на SKYN) не го мрзело да ја документира и оваа страна.

Годишната анкета на SKYN беше објавена во февруари, но пред изборите објавија досега невидена статистика за разликите на двете партии кога се работи за секс.

Што дознаваме?

Дека,

Републиканците:

  • Имаат секс почесто од Демократите
  • Имаат поголема тенденција да спијат со пријател/ка на поранешниот партнер за инат
  • Почесто можеш да ги најдеш на сред секс на музички фестивал
  • Поголема тенденција да спијат со некој двојно постар од нив
  • Почесто лажираат оргазми

Додека,

Демократите:

  • Почесто користат кондоми од Републиканците
  • Гледаат повеќе порно
  • Повеќе се галат после секс

Двете страни се согласуваат дека:

  • Доги-стајл им е подраго од мисионерска
  • Користат Тиндер почесто од Хинџ

Уствар, ни текна зошто кај нас нема вакви податоци и зошто ваква анкета нема да успее.

Сите ќе лажат.

4 ноември 2020 - 13:09