Македонската кула со векови гордо опстојува во центарот на градот Едрене, во истоимената турска провинција.
Градот бил основан од римскиот император Адријан во 2 век од нашата ера и во тоа време бил наречен Хадријанополис. Подоцна станал дел од Византиската империја која ги одржувале ѕидините на замокот и веројатно додале кружни кули на неговите 4 агли.
Тоа е град за кој многумина се имаат тепано. Неколку пати бил одземан од Византијците од страна на Готите, крстоносните Франки и Бугарите, меѓу другите.
Веројатно во 1369 година градот бил освоен од Османлиите. Неколку години подоцна, Османлиите го направиле градот свој главен град и го нарекле Едрене. Македонската кула била користена како затвор.
Во 1884 година на врвот на кулата била изградена дрвена кула од 4 ката за да служи како саат-кула. По еден пожар, оваа дрвена градба била заменета со камена структура од четири скалести и квадратни ката. Објектот претрепел оштетувања за време на земјотресот во 1953 година. Боило решено да не се обнови заради нескладот со градските минариња па истата година бил употребен динамит. Преживеал само првиот кат од саат-кулата.
Последниве децении, областа директно до кулата била ископана и се откриле темели на римски ѕид и други антички градби.
Во моментов, Македонската кула е достапна, ископаните темели се мал археолошки парк иако во незавидна состојба бидејќи кучиња скитници го имаат направено свој дом. Сепак, моќна кула. Се планира да се претвори во мал музеј.