На 61 година во авионска несреќа почина Џејмс Хорнер, еден од елитните холивудски композитори. Работел и по 16 часа дневно, а во една година знаел да направи музика и за повеќе од десет филмови. И сите тие не би биле она што се без неговите композиции.
Поглаварот на Римокатоличката црква ги потсети денешните големи сили на едно непријатно прашање од Втората Светска војна: Кога веќе Сојузниците знаеле за ужасот во Аушвиц, зошто никогаш не ги бомбардираа железничките линии кои водат кон овој логор на смртта?
30 години од првата титула со Лејкерс и 24 години од јавната објава дека боледува од СИДА, денес поранешната НБА ѕвезда е претприемач со енормен успех кој учествува и во политичкиот живот на САД.
Годинава околу 300 луѓе ќе се пријават за работа како чувари во казненопоправни установи во еден затвор во земјата. Од нив само 30 ќе бидат примени во тренинг програмата. Само за да минеш квалификации треба да имаш коефициент на интелигенција над 100.
Кандидатот со најголеми шанси да стане старо-нов претседател на Барселона изјави дека поранешниот француски репрезентативец Ерик Абидал ќе биде технички секретар во управата, доколку тој победи на изборите во клубот.
Возачот на Мерцедес, Нико Розберг победи на трката за големата награда на Австрија и ја намали бодовната разлика со Луис Хамилтон во генералниот пласман.
Втор пат во историјата ќе играме против домаќинот на едно Европско, а само годинава три пати се судривме со актуелниот европски и светски шампион со кој ќе играме и во Полска. Србија ни е најблизу географски, но не сме играле многу меѓу себе.
Додека многу од играчите ги слават победите, Роналдо по секој меч почнува со своите посебни ритуали кои му помагаат да се опорави од напорните 90 минути и физички и психички.
Има две ограничувања, првото е дека можеш да го купиш само на старо (ама првата газдарица била една постара госпоѓа и го возела само до пазар и супермаркет), и второ на располагање го имаш само Т-72 моделот. Цена - 50.000 долари.
Со натпреварите Република Чешка - Данска и Германија - Србија вечерва започнува Европското првенство за фудбалери до 21 година, турнир на кој во минатото се прославуваа Чави, Пирло, Фабрегас, Џилардино, Неста.
По лошата сезона, тренерот на Интер бара од претседателот Тохир да му бидат обезбедени нови играчи: дефанзивец, играч од средина и напаѓач од врвна класа кој ќе му биде поддршка на Икарди.
Ако дебел човек консумира 1.000 калории повеќе отколку што согорува, нив може да ги потроши само со вежбање. Проблемот е што со 30 минути џогирање ќе потрошиш само околу 350 калории. Или истото ова може да го постигне со елиминирање на 1 литар газирани пијалаци.
За време на дуелот од петтата германска лига меѓу Локомотиве Лајпциг и Рот-Вајс Ерфурт 50 навивачи влегле на терен и ги нападнале фудбалерите. Меѓу повредените и легендарниот играч на Баерн Минхен, Марио Баслер.
Прилепчанецот Никола Брајановски возеше 100км со точак до Охрид за во друштво да го следи полуфиналето од ЛШ против Барса, а Александар Змејкоски на Олимпико во Рим имаше можност да гледа како неговиот омилен тим победува 7:1. Ви ги претставуваме навивачите кои не трепкаат кога игра Баерн.
По слабиот настап на Ролан Гарос и поразот од Новак Ѓоковиќ, Рафа се врати на победите совладувајќи го Троицки во Штутгарт. Во два сета Шпанецот ја освои првата титула на тревна подлога по 2010 година.
Македонската фудбалска репрезентација го забележа и петтиот пораз во шестото квалификациско коло за Европско првенство во Франција. И во осмото соочување против Словачка нашата селекција не успева да победи.
На 320 км северно од Шкотска, помеѓу Исланд и Норвешка, има група од 18 острови со 50.000 жители, чија селекција е две места подолу од Македонија на ранг листата на ФИФА. Тие што ќе се пробаат тука да градат кариера не им се враќа дома.
2016-та изгледа како да ќе биде реваншот меѓу Буш и Клинтон. Меѓутоа партиските избори за претседателски кандидат се полни од лути алтернативи кои претставуваат различни идеолошки одговори на ист проблем - уништувањето на американските идеали.
Клучни натпревари викендов се играат во Кардиф, Рејкјавик и Зеница. Холандија е под силен притисок, а Фарски Острови ќе бркаат втора сензација во тековните квалификации. Македонија гостува во Жилина.
Патот на двократниот европски првак до НБА се покажа како вистински чекор за Перо Антиќ. И покрај тоа што сезонава најчесто влегуваше од клупа, најсилната кошаркарска лига на својот веб сајт го величи за неговата игра.
Во 2018 една британска издавачка куќа нема да објави ниту едно дело од машки автор. Одлуката е резултат на две работи, кои очигледно функционираат ако сакаш да иницираш промена: јавна провокација и шарени дијаграми.
Шампионот на Шпанија не ја заврши сезоната со победа во последното коло, во кое на домашен терен ја пречека екипата на Депортиво Ла Коруња која се бореше за опстанок.
Еден податок од шпанската фудбалска лига им западна во око на многу фудбалски статистичари кои бројат сè и сешто. Иако освои сè, постои признание што Меси не го добил.