Тимот Бајден пробува да ги увери гласачите дека тој сепак има најголеми шанси да го победи Трамп. Но, ако понудената анкета треба да одговори на прашањето кој демократ најдобро би се снашол против Трамп, одговорот е - речиси секој друг, пишува Итерсепт.
Цаката во методологијата на анкетата е што, освен Камала Харис, како конкуренти се ставени луѓе на кои ова улога досега не им била давана. Меѓу 39 и 71 отсто од испитаниците рекле дека не слушнале доволно за нив за да имаат мислење.
На пример, гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, губи од Трамп со 2 поена, во споредба со 3 кај Бајден - и покрај фактот што 56 отсто од гласачите не знаеле доволно за неа за да имаат посебно мислење.
Анкета на Ројтерс спроведена уште во јануари покажа дека околу половина од демократите и 75 отсто од независните сметаат дека Бајден не треба повторно да се кандидира за претседател (31 отсто од републиканците и 63 отсто од независните истото го мислат за Трамп).
По дебатата, анкетата на Си-Ен-Ен покажа дека 75 отсто од сите гласачи сметаат дека демократите ќе имаат поголеми шанси да победат на изборите со некој друг отколку со Бајден. Анкетата сугерираше дека има значителен број на разочарани демократи, независни, па дури и републиканци кои би можеле да бидат отворени за алтернатива кај демократите.
Клучен проблем е што Бајден не може да направи ама баш ништо околу главниот товар на неговата кандидатура: возраста и менталната кондиција.