Иако навивачите на Интер очекуваа многу од доаѓањето на Тохир во 2013 година, неговиот старт за сега не донесе никаков успех. Првиот чекор го направи со купувањето на Хернанес од Лацио во јануари 2014 година, но истовремено само го навлече гневот на верните Нероаѕури со неколку лоши трасфери во серија.
Како резултат на тоа, обврска на газдата од Индонезија е да обезбеди пари за трансфери со кои Роберто Манчини ќе состави далеку поконкурентен Интер, бидејќи сезонава не успеа да се избори ниту за Лига Европа. Ова се неговите желби.
Одбрана:
Дефанзивниот ред беше најголем проблем за Интер минатата сезона. За да го засилат овој дел Нероаѕурите се заинтересирани за Данте од Баерн Минхен, Ајден Абденнур од Монако и Жоаo Миранда од Атлетико Мадрид. Словачкиот дефанзивец Мартин Шкртел е прескап за нив, па своето внимание ќе го насочат кон играчот на Удинезе Томас Хертоа.
Среден ред
Манчини за средниот ред планираше засилување од типот на Јаја Туре, но сепак остана разочаран кога агентот на Туре му соопшти дека тој ќе остане во Манчестер Сити. Како резултат на тоа, своето внимание го насочи кон Фелипе Мело од Галатасарај, Алан Лореиро од Удинезе и Џианели Имбула од Марсеј.
Напад
Трансфер мети за друштво во нападот на Икарди се Хуан Куадрадо и Мохамед Салах од Фиорентина, Диего Пероти од Џенова и Хавиер Хернандез Чичарито. Доколку не успее со доведувањето на Куадрадо тој ќе се насочи кон играчот на Волфсбург Иван Перишиќ.
Играчи кои е можно да го напуштат клубот
Интер се интересира и за напаѓачот Едер, а Сампдорија мерка тројца фудбалери од Меаца за што би можело да има и трампа. Тоа се Јуто Нагатомо, дефанцивецот Марко Андреоли и тинејџерот Георге Пушкаш. Данило Д’Амброзио кој дојде од Торино во јануари 2014 е на излезната врата од клубот, а како негова можна замена е Мика Ричардс. Најмногу пари од продажба Тохир ова лето сака да заработи од Матео Ковачиќ за кој се надева дека ќе заработи 30 милиони евра. Ливерпул до сега ја има највисоката понуда од 25 милиони евра.