Пресметката меѓу Барселона и Депортиво која на 23 мај се одигра на Камп Ноу е под истрага за местење. Тоа го тврди Ел Мундо Депортиво кој според свој извор пишува дека Ла Лига ја истражува регуларноста на оваа средба.
Составот на Луис Енрике сезоната ја заврши со 30 победи, 4 порази и 4 ремија, а во последното коло одигра 2:2 против екипа која со освоениот бод се избори од опстанок.
Шпанскиот весник ја издвојува изјавата на дефанзивецот на Депортиво како сомнителна.
„Му реков на Чави малку да намалат со темпото, нерешено ќе биде добро и за двете екипи“, рекол Алберто Лопо.
Барселона водеше 2:0 со головите на Меси во 5-та и 59-та минута, а до конечните 2:2 гостите стигнаа преку Лукас Перез во 67-ма и Диого Саломао во 76-та минута.
Депортиво во последното коло се спаси од испаѓање со 35 бодови.