Јунакот на Турција кој ја збудале цела земја и дијаспора

Со два погодоци од кои едниот втор најбрз гол во историјата на Европските првенства постигнат во 57’ секунда на мечот Турција - Австрија (првиот беше на Албанецот Недим Бајрами на истово Еуро2024 против Италија во 23-та секунда), Мерих Демирал стана апсолутен јунак на Турците.

Турција ја совлада Австрија 2-1 и ќе игра во четвртфинале на Еуро2024. Неочекуван херој на натпреварот беше Мерих Демирал, снажниот стопер кој постигна два гола со глава после корнер. Ова беше само втор двоен стрелец на еден натпревар на Европското по Холанѓанецот Дониел Мален кој даде два на дуелот со Романија (3:0).

Мерих Демирал на минатото Еуро 2021 беше како играч на Јувентус. Таму си постигна автогол уште на првиот натпревар и пружи слаби партии како и цела репрезентација (последно место во група, 0 бодови).

Сега Мерих, кој веќе неколку месеци игра во саудиски Ал Ахли е главен протагонист. Сите насловни страни на спортските медиуми се со неговиот лик.

Со два гола ја однесе Турција во четвртфинале.

Првиот е историски погодок затоа што падна уште во 57-ма секунда и стана втор најбрз во историјата на Европските првенства. Австрија од тој момент тргна во комплетен напад но Демирел командуваше маестрално со турската одбрана. Ги освои речиси сите воздушни дуели и лизгачки стартови.

Во моментите кога беше извесно дека Австрија ќе израмни во вториот дел, во 59’ минута кога Австријците најмногу притискаа, Турција од еден корнер стигна до 2-0. Повторно стрелец Мерих Демирл и повторно со глава.

На трибините во Лајпциг лудница - преку 20.000 турски навивачи паднаа во делириум, а милиони Турци ширум светот исто лудо славеа. Неверојатно звучи податокот дека Демирел претходно постигнал само 2 гола на 47 меча за репрезентациајта и тоа против Гибралтар и Фарски острови, а сега за само 59 минути два против силната Австрија.

Австрија до крајот успеа само да го намали резултатот преку Грегорич во 66’ минута.

Некогашниот стопер на Јувентус и Аталанта стана само четврти стопер во историјата на Европските првенства кој дал два гола: пред него тоа биле Французите Франсоа Ета (во 1960-та), Жан-Франсоа Домерг (во 1984-та) и крилото на Унгарија Новак Деже (1964-та).

ОД ОЧАЈ ДО СЈАЈ

Мерих Демирал на минатото Европско во 2021-ва година на отворањето во Рим на „Олимпико“ против домаќинот Италија си постигна автогол на стартот на вториот дел по центаршут на Доменико Берарди. Тоа беше официјално прв гол на Европското а Турција на крај изгуби 3:0.

После тоа беа поразени и од Велс со 2:0 а во последното коло лекција им одржи и Швајцарија со 1:3. На крај завршија последни во група со очајна гол разлила 1:8.

Ова беше причина да се покрене алармот во турскиот фудбал. За нов селектор беше поставен Винченцо Монтела кој претходно го водеше клубот Аданаспор.

Монтела направи одличен спој меѓу постари искусни играчи и помлади талентирани бисери на турскиот фудбал. Се испостави дека ја најде правата рецептура затоа што Турција е најпријатно изненадување на целиот турнир. Во групна фаза ја победија Грузија 3:1, па изгубија 1:0 од Португалија и славеа 2:1 против Чешка.

Сега во недела од 18:00 часот во Берлин ги чека Холандија.

НЕ ГО ЗАДРЖАА ВО ЈУВЕНТУС, СЕГА Е ВО САУДИСКА АРАБИЈА

Мерих Демирал првите фудбалски чекори ги направил во школата на Фенербахче, а во 2016-та изненадно и неочекувано се преселил во Португалија каде играл за малку познатиот Алканоненсе. Откако го покажал талентот Демирал стигнал дури и до Спортинг Лисабон но таму не се задржал долго. Го пратиле на позајмици во Аланјаспор и во Сасуоло.

Во 2019-та година Јувентус чии скаути го забележале во Сасуоло решил за него да плати 18 милиони евра!

Но Демирал го следеа неколку незгодни повреди и тој не се наигра фудбал во Торино. Подоцна се пресели во Аталанта а од Бергамо замина за Ал Ахли во саудиската Про Лига.

Што означува гестот што го направи турскиот јунак Мерих Демирал?

Нема поминување со коли, Турците слават четвртфинале

Како смируваше нерви турски навивач за време на драмолетката со Австрија?

Како во Тбилиси ги пречекаа хероите од Европското?

3 јули 2024 - 09:02