Политички ММА: Трамп - Милс

Трамп е задоволен што националната атлетска асоцијација на колеџи која опфаќа млади спортисти од преку 1.100 американски училишта (и едно од Канада) веднаш ја прифатила извршната одлука на Трамп за забрана на учество на мажи (трансџендер жени) во женски спортови. Но, разбрал дека одлуката ја нема прифатено сојузната држава Мејн. Гувернерката на Мејн, Џенет Милс, е таму. Вака оди муабетот.

Трамп: Мејн нема да ја почитува одлуката?
Милс: Ние ќе го почитуваме државниот федерален закон.
Трамп: Ние сме федерален закон. Најпаметно е да ја почитувате инаку нема да добиете ништо од федералните фондови. Патем, иако вашето население е главно либерално, јас многу добро поминав таму и вашите луѓе не сакаат мажи да учествуваат во женски спортови. Почитувајте ја уредбата инаку нема да добиете ништо од федералните пари.
Милс: Се гледаме на суд.
Трамп: Се гледаме на суд, едвај чекам, ќе биде тоа лесен случај. И уживај во животот кога нема да бидеш гувернер, не мислам дека во иднина ќе бидеш гласан политичар.

22 февруари 2025 - 11:28