Глупавиот автогол на Милан ќе се памети, Елмас го виде од близу

Милан игра уште една очајна сезона а по тешкото испаѓање од Лига на шампиони од Феенорд, росонерите сега претрпеа нов пораз, овојпат од Торино 2-1 на гости. Уште во 5' минута голманот Мајк Мењон и стоперот Тјао беа творци на еден од најглупавите автоголови сезонава во европските лиги. Торино со тој автогол поведе, Пулишиќ подоцна промаши пенал. Рејндерс израмни на 1-1 во 74-та минута а 20-годишниот Литванец Гвидас Гинтелис постигна победнички гол само една минута подоцна.

Елиф Елмас играше од почеток, во први 11 и доби 59 минути кога го извадија од игра.

23 февруари 2025 - 08:23