Мерих Демирал стана стрелец на вториот најбрз гол во историјата на Европските првенства (погодок во 53’ секунда) и само четврти играч во историјата на Европски првенства кој постигнал два гола на еден ист натпревар во нокаут фаза.
Мерих Демирал ги прослави головите и победата со гестикулација со рацете со кои го оформи знакот на групацијата „Сиви волци“.
Ова е некогашна турска националистичка младинска организација. Создадена е во 1980-те години по иницијатива на полковник Алпарслан Туркеш под патронаж на Партијата на национално движење со која имале исти идеали.
Денес тоа е истата Партија на национално движење (Milliyetçi Hareket Partisi, MHP) која е сојузник на партијата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоан.
Според една друга верзија, „Сиви волци“ постојат уште од 1948-ма година и се јавувала како радикално крило на турските националисти. Активно учествувале во политички насилства во 1970-те години.
Оваа организација била обвинета за серија убиства и терористички напади меѓу кои и обид за атентат на Папата Римски Јован Павле II. Од 1990-те години се приклучиле во борбата против курдските сепаратистички движења и етноконфесионални малцинства. Од 2015-та година се политички блиски до најголемата турска десничарска партија ПСР.
По смртта на времешниот Туркеш, организацијата „Сиви волци“ ја презел Девлет Бахчели.
Стоперот на Турција Мерих Демирал редовно и салутира на турската армија и важи за омилен меѓу турските навивачи. На еден меч со Франција од квалификациите за Светско 2022, при постигнат гол во Париз, Демирал поздрави со војнички поздрав а во тоа време Турција беше во судир со курдските сили.
„Начинот на кој го прославив голот е поврзан со мојот турски идентитет и затоа го направив тој гест. Гледам луѓе кои слават на ист начин, не постои скриена порака. Сите сме Турци, многу сум горд на тоа“, рекол стоперот Демирал после историскиот триумф над Австрија.
Das muss Konsequenz durch den türkischen Verband und die Uefa haben. Den Gruß der #GrauenWölfe macht keiner unüberlegt. #EURo2024 pic.twitter.com/ukBY64EbnB
— Benjamin Daniel Thomas (@BenjaminDThomas) July 3, 2024
Јунакот на Турција кој ја збудале цела земја и дијаспора
Помали фудбалски земји поголема драма, Турција е четвртфиналист, ќе се соочи со Холандија