Грузија беше најслабо рангирана репрезентација на Европското првенство во Германија и за првпат во историјата учествуваше на голем турнир. Ама тоа не им сметаше да го направат најголемото сензационално изнендаување и со 2:0 да ја совладаат Португалија.
Во земјата владеат политички превирања и поделби кои кулминираа во последните пар месеци но репрезентацијата го обедини народот.
Грузија со лидерот Кваратцхелија на терен одигра сјајно Европско првенство. Во групната фаза се издигнаа после воведниот пораз 3:1 од Турција па одиграа 1:1 против фаворитот Чешка и со 2:0 ја совладаа силната Португалија. Осовија 4 бода во групата што беше право чудо и се пласираа во осминафинале на сметка на Чешка која испадна.
Во 1/8 финале им дојде моќната Шпанија која ја држеа во првите моменти од мечот, имаа дури и поволен резултат 1:1 во еден момент но на крајот се предадоа и загубија 4:1 од Шпанците.
Грузијците ја испишаа најубавата бајка на ова Еуро2024 и заслужено во татковината биле пречекани од старо, младо, машко и женско.
Уште кога пристигнале на аеродромот во Тбилиси, фудбалерите и стручниот штаб биле пречекани од илјадници навивачи од разни генерации:
Играчите се возеле бавно во отворен автобус и ги поздравувале илјадниците навивачи кои дошле да им заблагодарат за преубавите емоции на Еуро2024. На свечената бина дошле и претседателката и премиерот на земјата, а токму Саломе Зурабишвили која е претседател на Грузија ги одликувала сите фудбалери и членови на стручниот штаб со орден на Честа што е највисоко граѓанско одликување во Грузија.
„Денес е чудо. Ова е Грузија каква што ја сакам“, рекла Зурабишвили.
Премиерот на земјата Иракли Кобахидзе исто им честитал на фудбалерите и стручниот штаб и заблагодарил во името на сите што ги направиле горди. Грузија има 3,7 милиони жители и е една од најмалите земји по број на население кои се пласирале на Европско првенство.
Квича Кваратцхелија и центарфорот Ѓроѓес Микаутадзе кој е најдобар стрелец во моментов на Европското првенство одиграа блескаво Европско.