Втора година по ред Перо Антиќ покажува дека може да биде многу важна предност од клупата за Атланта. Неговиот учинок во одбрана го докажува со податокот што тој успева со 44% ефикасност да ги спречи противници во поентирање.
Тој е уникатен и разновиден во играта од одбраната, а центрите во НБА од линијата за три поени ги спречува со 23,8% ефикасност. Со други зборови, Антиќ е еден од најдобрите центри во лигата во спречување скок шутеви.
Антиќ има позитивна оценка 6. Колку влијае тој во играта? Во победите на Хокси неговиот рејтинг е 11,4, а во поразите -9.0. Атланта сезоната ја заврши со учинок од 60 победи и 22 порази, па направете математика.
Еден дел од играта, тој треба да го подобри, а тоа е скок-шутот. Сезонава за три поени тој шутираше со 30% ефикасност. Сето ова може на Антиќ да му донесе добра понуда ова лето, стои во анализата на сајтот на НБА.