Португалецот вели дека одморот после мечевите е најбитен за него со оглед на големиот број на натпревари кој ги игра и таа релаксација му е потребна да ја задржи својата форма на високо ниво.
По последниот судиски свиреж, Роналдо посебно внимание обрнува на исхраната. Тој после натпревар јаде овошје, парче пица и ужина богата со јаглени хидрати. Пицата му обезбедува идеална комбинација од протеини и јаглени хидрати.
Кога Реал игра дома, освојувачот на Златната топка се релаксира во бања. Прво, тој поминува 5 минути во „топла бања” на температура меѓу 38 и 44 степени, па потоа 3 минути во ладна. Овој процес го повторува повеќе од 30 минути. Тоа му овозможува подобар проток на крв на местата каде е повреден.
После терапијата во бања, Роналдо плива 20 минути во потполна тишина и на тој начин го одмора умот. Како што вели тој пливањето е идеален метод за закрепнување.
После пливањето, Роналдо ужива во спа сесија. Хидротерапијата му помага во заздравувањето на повредените или воспалени мускули.
Последен ритуал му е Турската бања каде седи 5 минути. Овој вид на релаксација е уште една форма на хидротерапија, која му помага да се одмори после големиот напор. Конечно, откако ќе заврши со Турската бања, Роналдо е спремен за во кревет.