Надал и Матс Виландер се единствените тенисери кои освоиле две Гренд слем титули на три подлоги – тврда, земја и трева. Во 2006 година тој ја обезбедува втората титула на Ролан гарос и за првпат осигура финале на Вимблдон каде е поразен од Роџер Федерер.
Првиот Гренд слем трофеј на трева во Вимблдон го освојува во 2008 година каде во „маратонски меч” го победува Федерер. Дуелот беше прогласен за најдобро финале на сите времиња. Втората титула Надал на овој Гренд слем ја освои во 2010 година каде во финалето го совлада Томаш Бердих со убедливи 3:0 во сетови. Таа му е последна на тревна подлога во последниве 5 години, се до освојување на АТП мастерс во Штутгарт.
Надал со Ѓоковиќ се има сретнато 42 пати и во партии води со 23 – 19. На трева шпанскиот тенисер е подобар со 2 – 1, додека на тврда губи двојно со 14 – 7. Двајцата еден против друг имаат играно и 12 мастерс финалиња.
Вкупниот број на трофеи кои Надал ги има освоено на АТП – мастерсите се 28, од кои 19 се на земја, 7 од нив се на тврда подлога. Синоќешниот турнир во Штутгарт за Рафа е само втор АТП трофеј на трева.
Тој влегува во добра форма пред престижниот Вимблдон, кој почнува на 29 Јуни, а завршува на 12 Јули.