На првиот кат пишувало: Овде се мажи кои имаат работа.
Жената била задоволна со коректната понуда, но си рекла, да видиме што има на втор.
На вториот кат пишувало: Овде се мажи кои имаат работа и сакаат деца.
Одлично, ама, што ли има на трети?
На третиот: Овде се мажи кои имаат работа, сакаат деца и добро изгледаат.
Кога веќе сум до тука, одам нагоре.
На четвртиот пишувало: Овие мажи имаат работа, сакаат деца, презгодни се и помагаат по дома.
Тоа е сè што ми требаше, ама што ли има на петтиот?
На петтиот: Овде има мажи кои имаат работа, сакаат деца, презгодни се, помагаат по дома и обожаваат романтика.
Жената рекла, ова е и подобро отколку што се надевав, ама штом овде се вакви, какви ли се оние на последниот спрат?
Дошла на последниот, шести спрат и таму пишувало:
Вие сте посетителка број 30.000.456 на овој спрат. Овде нема мажи. Овој кат постои само како доказ дека на жена не може да ѝ се угоди.