Србија: Кој ќе биде намагарчен?

Русофили, Европејци, христијани, либерали, конзервативци... сите слават! Работата е што некои од нив неизбежно ќе бидат намагарчени, бидејќи новата власт не може да биде и европска и русофилска, и конзервативна и либерална, и пробудена и христијанска во исто време...

Фора ми е да ги гледам овие сцени во Србија.

Одат камери по улици а таму слават ликови што носат крстови и дигаат три прста, слават воук ликови со нежни гласчиња, слават луѓе со слики од Путин, слават луѓе што ја поддржуваат ЕУ, оние од американската Н1 слават, конзервативците слават, либерални девојки со кратко потстрижена пембе коса слават, Шаровиќ слави, Наташа Кандиќ слави, Слободан Рељиќ слави, Ќута слави, Александар Павиќ слави, Мариника слави...

Русофили, Европејци, христијани, либерали, конзервативци... сите слават!

Е сега, работата е што некои од нив неизбежно ќе бидат намагарчени, бидејќи новата власт не може да биде и европска и русофилска, и конзервативна и либерална, и пробудена и христијанска во исто време...

Кој ќе биде намагарчен, дали тоа ќе бидат конзервативците, христијаните и русофилите или пак ќе бидат европејците, просветлените, Сорос и либералите... проценете сами.

Јас го знам одговорот.

Циник

26 октомври 2026 - 10:52