Додека нивните колеги од останатите земји се уште не се отрезнети од божиќните прослави, фудбалерите од Велика Британија ќе си ги честитаат празниците на фудбалските терени и ќе одиграат 30 натпревари за само една недела.
Тренерот на македонскиот второлигаш Миравци си поднесе оставка поради тврдењата дека газдата натепал еден од фудбалерите затоа што не му подавал на син му. Сопственикот пак на Кардиф Сити го избрка главниот скаут и на негово место го стави школскиот другар на неговиот син кој работел како молер во клубот.
Новиот херој на Вест Бромвич Албион кој го постигна победничкиот гол против Манчестер Јунајтед, 20-годишниот Саидо Берахино од Бурунди за цела година заработува колку Ван Перси и Руни за еден ден.
Клубовите од Премиер лигата летово на купување играчи потрошија 622 милиони долари повеќе отколку што заработија од продажба, разлика која можат да си ја дозволат заради парите што ги добиваат од Азија.
Како поткрепа на новите рекорди во продажба на билети во англискиот фудбал за кои пишувавме вчера, стигна најновото истражување од островот според кое цените за гледање фудбал паднале за 2,4% во првите четири лиги.
На неколку денови до затворање на трансфер периодот, клубовите од Премиер лигата се на добар пат да го срушат рекордот во трошење на пари за нови фудбалери.
Воопшто не е изненадување што изминатата сезона се продадени најмногу дресови со името на Робин ван Перси, но вчудоневидува фактот четвртина од сите можни продадени дресови во Англија се со името на Робин ван Перси.
Магазинот „Тalksport" направи листа со сите 20 клубови од англиската Премиер лига од која ќе видиме кои екипи играле чисто и со помалку фаули, а кои се покажале како најгруби на теренот во текот на целата сезона.