Чоколаден колач

Колач од чоколадо и лешници

Вкусен чоколаден десерт.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
45 мин.

Порции

12 лица

Состојки

  • 125гр. растопен путер
  • 200гр. кафеав шеќер
  • 1 јајце лесно изматено
  • 2 лажички ванила
  • 140гр. брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 150гр. мелени лешници
  • 2 лажици какао
  • 150гр. Нутела
  • 2 белки од јајца
  • 100гр. шеќер во прав

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте тавче за печење(18cmx28cm) со малку масло. Обложете го со хартија за печење.
Во сад измешајте путер, шеќер, 1 јајце, ванила, брашно, прашок за пециво, мелени лешници и какао. Добро измешајте ги за да се соединат во рамномерна смеса. Смесата префрлете ја во тавчето. Печете го колачот 25 минути. Кога ќе се испече веднаш премачкајте го со Нутела. ОСтавете го на страна да се излади.
Зголемете ја јачината на рерната на 220 степени. Во сад со миксер изматете ги белките од јајца. Потоа постепено додавајте го шеќерот во прав и продолжете со матење.
Со лажица додадете го шлагот од белки врз Нутелата. Вратет го тавчето во рерна и печете го колачот уште 5 минути додека да се запече шлагот.
Кога ќе се излади колачот исечете го на коцки и послужете го.
На здравје!

1 јуни 2013 - 17:49