Време на подготовка:
30 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
1ч. 10 мин.
Порции
25 лица
Состојки
- 125гр. путер
- 155гр. кафеав шеќер
- 55гр. бел шеќер
- 1 јајце
- 2 лажички инстант капучино
- 3 лажички зовриена вода
- 300гр. брашно
- 1 лажичка сода бикарбона
- 125мл. обезмастено млеко (0.9%)
- какао во прав за декорација
Крем
- 180гр. бело чоколадо на коцки
- 125мл. хопла
- 20гр. путер
Подготовка
За да го подготвите кремот ставете го чоколадото во огноотпорен сад. Измешајте хопла и путер во мало тенџере на посилен оган. Кога ќе зоврие оваа смеса истурете ја врз чоколадото и мешајте додека да се растопи и соедини. Ставете го садот во фржидер околу 30 минути за да се стегне кремот. Потоа извадете го од фрижидер и промешајте го.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете 4 плехови со хартија за печење.
Со миксер изматете го путерот со кафеав и бел шеќер. Додадете јајце и продолжете со матење. Во мал сад измешајте го инстант кафето со зовриената вода. Додадете го кафето во кремот од путер и добро измешајте.
Во оваа смеса додадете ги брашното, сода бикарбона и млеко и мешајте за да добиете изедначено тесто.
Со лажица формирајте топчиња од тестото и редете ги на плехот на растојание од околу 5см. Печете ги колачите по околу 10 минути додека да пораснат и добијат златно жолта боја. Оставете ги во плехот 5 минути пред да ги извадите за да се изладат.
Кога ќе ги испечете сите колачи поставете ги врз плех превртени нагоре со страната врз која се печеле. Врз половината од нив намачкајте од кремот од бело чоколадо. Преклопете ги врз нив останатите колачи за да добиете сендвичи. Декорирајте ги со какао во прав пред да ги послужите.
На здравје!