Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
30 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
10 лица
Состојки
- 65гр. путер, омекнат
- 100гр. шеќер во прав
- 1 јајце
- 2 лажички ванила
- 200гр. брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 70мл. млеко
Прелив
- 10гр. растопен путер
- 1/2 лажичка цимет
- 2 лажички шеќер во прав
Подготовка
Загрејте ја рернатана 180 степени. Обложете округло тавче со хартија за печење.
Со миксер во длабок сад изматете путер, шеќер, јајце и ванила додека да се соединат. Додадете брашно, прашок за пециво и млекои продолжете со матење.
Смесата префрлете ја во тавчето и печете ја 25-30 минути. Потоа извадете ја во чинија за сервирање.
Во меѓувреме подгответе го преливот. Измешајте во сад цимет и шеќер. Премачкајте ја топлата торта со растопен путер. Одозгора наросете ја смесата од цимет и шеќер во прав.
Послужете ја тортата изладена.