Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
35 мин.
Вкупно време:
45 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 лажици маслиново масло
- 1 главица кромид, ситно сецкан
- 1/2 лажичка буковец
- 1 лажичка мајчина душица
- 400гр. мелено свинско месо
- 250мл. бело вино
- 400гр. излупени, сецкани домати
- 2 лажици доматно пире
- 300мл. пилешка супа од коцка
- 500гр. макарони
- сецкан магдонос и рендан пармезан за сервирање
Подготовка
Загрејте масло во длабока тава на слаб оган. Гответе го кромидот 5 минути додека да омекне. Додадете лук, буковец и мајчина душица и гответе со мешање 1 минута. Додадете го меленото свинско и пржете го 4-5 минути. Додадете бело вино и гответе го уште 3-4 минути. На крај додадете ги доматите, доматно пире и пилешка супа од коцка. Варете го сосот на тивко 10-15 минути додека да згусне.
Во меѓувреме сварете ги макароните во тенџере со вода според упатството на ќесата. Процедете ги и измешајте ги со сосот.
Сервирајте ги веднаш декорирани со сецкан магдонос и рендан пармезан.